Loading настани

« All настани

  • Овој настан помина

Cаемот „Путокази“

4 март, 2020 - 6 март, 2020

2ТМ традиционално ќе учествува на саемот за образование „Путокази“, кој ќе се одржи во Нови Сад, Србија од 4 до 5 март 2020 година. На овој меѓународен саем секоја година се претставуваат околу 500 образовни институции од земјата и од странство, а наменет е за сите идни средношколци и студенти кои бараат „патокази“ за избор на вистинскиот професионален пат. Претставниците на 2ТМ и оваа година ќе ги информираат сите заинтересирани средношколци и нивните родители, за начинот на студирање во Словенија и предностите за стекнување на меѓународно призната диплома со европски квалитет. За време на саемските денови, посетителите на штандот на 2ТМ ќе имаат можност да се информираат за изборот на студиските програми на словенечките универзитети, уписните рокови, потребните документи за пријава, како и за условите за прием на одредени програми. Ве каниме да го посетите штандот на 2ТМ, каде лично ќе ги добиете одговорите на сите ваши прашања во врска со студиите во Словенија!

ДЕТАЛИ

Почеток:
4 март, 2020
Крај:
6 март, 2020