Јелена ја избра Словенија како студентска дестинација, иако во гимназиските денови во Добој (БиХ), била убедена дека ќе студира во Белград. Во интервју за 2ТМ, амбициозната ракометарка од Босна, открива дека одлуката за студии во Словенија била едноставна: овде ќе добијам меѓународно признаена диплома и имам можност за професионално продолжување на спортската кариера.

Photo: © Elena Starchevich

Јелена веќе неколку месеци студира Политологија  на Факултетот за општествени науки во Љубљана, а во слободното време кога не е на предавања, тренира ракомет во женскиот клуб „Олимпија“.

Весела и со ведар дух, Јелена зборува за изучувањето на словенечкиот јазик, своите студиски и спортски планови во Словенија и за соработката со 2ТМ.

– Која беше главната причина да изберете студи во Словенија?

– Главна причина за моето доаѓање во Љубљана е тоа што словенечката диплома е меѓународно признаена. Тоа ми дава сигурност дека по завршувањето на студиите овде ќе се вработам, а тоа не можам да го тврдам за мојата држава.

– Студиите во Словенија на сите државни и некои приватни факултети се бесплатни за граѓаните на екс ЈУ републиките, врз основа на билатералните договори. Како дознавте дека ова важи и за државјаните на Босна и Херцеговина?

– Мислам дека беше крајот на февруари кога претставниците на 2ТМ од Љубљана ја посетија мојата гимназија во Добој, за да ги претстават  предностите на студирањето во Словенија за странските студенти. Тие ја претставија нивната работа и какви услуги нудат. Ќе повторам, најмногу ми се допадна тоа што дипломата е меѓународно признаена, а секако убаво беше да се слушне и дека школувањето е бесплатно за странските студенти.

– Како ги надминавте зачетничките потешкотии со разбирањето на предавањата и предметниот материјал, кои се на словенечки јазик?

– Сите предмети ги слушам на словенечки јазик, освен предметот „Нова политика“ кој го слушам на англиски. На почетокот ми беше тешко, но мило ми е дека во мојата група има уште неколку странски студенти, така што си помагаме еден на друг да разбираме. Истотака и останатите колеги од групата кои се Словенци се многу коректни. Тие се трудат да ни преведат и да ни објаснат нешто што не разбираме, така што сега после два месеца ми е многу полесно.

– Какво е вашето искуство со учењето на словенечкиот јазик?

– Искрено, дома учев малку сама, но тоа беа некои основни изрази. Единствено нешто што ме плашеше пред доаѓањето во Љубљана беше јазикот. Можам да кажам дека е сличен, но има некои мали посебности по кој се разликува од српскиот јазик. Овде одам еднаш неделно на курс по словенечки јазик, кој за нас странските студенти ни го организира факултетот, во рамки на програмата Year+.

– Во Љубљана се занимавате и професионално со ракомет. Кажете ни нешто повеќе за тоа, за кој клуб играте?

– Ракометот беше мојата втора причина да дојдам овде. Одлучив да го продолжам  тренирањето во Словенија, бидејќи тука имате подобри услови за продолжување на кариерата и за постигнување на подобари успеси. Играм за ракометниот клуб „Олимпија“. Во септември дојдов на првиот тренинг да видам како е и дали ќе ми се допадне. Тренерите ме прифатија, ја пофалија мојата игра и работа, така што од октомври почнав редовно да тренирам и сум презадоволна.

– Како ја доживувавте Словенија пред почетокот на вашите студии?

– Искрено, никогаш не се распрашував за Словенија и опцијата да студирам овде, бидејќи бев сигурна дека ќе се запишам на некоја програма во Белград. Кога дојдов тука пријатно се изненадив од тоа какви се вашите култура и менталитет. Сѐ е многу поразлично од кај нас и навистина сум презадоволна. Можам да кажам дека никогаш не би ја променила мојата одлука. Доколку би морала повторно да одлучувам, уште еднаш би ја избрала Словенија.

– Студентскиот систем нуди многу попусти, што би издвоиле од овие угодности?

– Системот е максимално прилагоден на студентите и е за секоја пофалба. Почнувајќи од Урбана (месечна карта за градски превоз) која е за околу 50% поевтина за нас студентите отколку за другите граѓани, до студентските бонови. Во текот на еден месец имаме нешто повеќе од 20 бонови, што е сосема доволно што се однесува до исхраната. Храната ни е за 50% поевтина. Брзата храна е скоро бесплатна, за неа доплаќаме многу мал износ. За тие што сакаат да возат велосипед, цената е смешно евтина. Јас сум задоволна.

– Дали ви недостасува Босна и Херцеговина?

– Не, откако ја добив дозволата за престој отидов дома два пати. Овој викенд ќе одам повторно, но и моите родители доаѓаат овде и тоа ми е супер. Се навикнав тука и преубаво ми е – се смее Јелена.

– Какви се вашите професионални планови за во иднина?

– Што се однесува до спортот, би сакала да продолжам да се бавам со него. Моја желба е, како и до сега, да ги усогласам обврските меѓу факултетот и спортот, меѓутоа приоритет  ми се секако студиите. Овде планирам да бидам барем 5 години, бидејќи студиите траат 3 + 2 години. Сакам да завршам магистерски студии и потоа ќе видам што понатаму. Во овој момент не можам тоа да го испланирам, но искрено сакам да останам овде, да не се враќам во Босна и Херцеговина.

– Како ќе ја оцените соработката со 2ТМ?

– На секој странски студент кој ќе се одлучи да студира во Словенија, му препорачувам да соработува со 2ТМ, од причина што на мене и на моето семејство, благодарејќи на нивната помош, не требаше да одиме повеќе пати во Љубљана. Тие ми ги дадоа сите потребни информации и ми кажаа кои документи треба да ги подготвам. Јас и моите родители немавме потреба дополнително да се распрашуваме за целиот уписен процес. Сѐ беше едноставно, скенираните документи им ги испраќав преку емаил. Тоа е идеално за нас студентите од другите држави. Доколку се пријавував сама на факултет, сигурно ќе требаше повеќе пати да доаѓам во Љубљана. Во оваа прилика сакам да ви се заблагодарам за сѐ што направивте за мене во текот на шесте месеци на заедничката соработка.

Автор: Лидија М.Кустербајн

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање