Што влијаеше на одлуката за студирање во Република Словенија?
Моето дете изрази желба да го продолжи своето образование, но не во својата земја. Република Словенија од секогаш ми се допаѓала како една средена и културна земја па така во договор со детето се одлучивме за неа.

Што ве изненади пријатно во врска со студирањето и/или животот на вашето дете во Република Словенија?
Самостојноста пред се. И многу лесното прилагодување на новата земја, новата култура и обичаи. Исклучителната снаодливост и големата пристапност на сите во Република Словенија.
Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?
Компанијата 2TM ја пронајдов сосема случајно на интернет кога пребарував информации за студирање во Република Словенија. Генерално тоа беше веб страната која што му обезбеди најмногу информации. Кога за прв пат стапив во контакт со вработените, бев пријатно изненадена од начинот на комуникација. Веќе на првиот контакт се ми беше одлично објаснето и тоа беше работата што ме наведе да склучам договор за понатамошна соработка. Компанијата е многу ажурна, води сметка за најситните детали и сите работи, коишто треба да се завршат се завршуваат на време. Навистина морам да го пофалам начинот на работа бидејќи навистина ми ги олесни сите работи, од собирањето на документи до самиот упис. Искрено да не беше оваа компанија, навистина не знам како ќе успеавме се сами да завршиме. Едно огромно благодарам од мене.