Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
За студирањето во Република Словенија се заинтересирав за време на моето образование во 2018 година, кога во Белград завршив четврта година гимназија, филолошка насока. Некако баш во октомври минатата година го посетив саемот за образование во мојот град и ги посетив просториите на компанијата 2 TM од Љубљана.

Тука се распрашав детално за студирањето, добив конкретни одговори и тогаш веќе знаев дека сум заинтересирана за студирање на туризам. При изборот на студиската програма ми помогнаа моите родители, советувајќи ме дека Република Словенија е една од поранешните републики на нашата држава и дека најверојатно е многу полесно да се снајдам во Словенија отколку некаде во Европа. При сето тоа дипломата и условите за студирање се скоро исти како и европските. Република Србија сеуште не е дел од Европската Унија, а Република Словенија е полноправна членка и со самото тоа дипломата со која што ќе се стекнам е валидна во целиот свет.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Со студирање во Република Словенија започнав на 01-ви ноември 2019 година како редовна студентка на Факултетот за туризам во Порторож. Многу сум задоволна од квалитетот на образовниот систем, којшто нуди широк спектар на можности за напредок.
Предавањата овозможуваат да слушаме и да присуствуваме на предавањата на други професори, коишто доаѓаат од други земји и на многу интересен начин ни ги презентираат темите поврзани со туризмот.
Една од поинтересните работи се семинарските и теренските вежби, коишто ги имаме по групите. Групите се помали и ни овозможуваат да работиме во тим и да ја развиваме тимската работа.
Професорите на факултетот имаат доста разбирање за нас, странските студенти, многу се среќни кога ќе видат дека се трудиме и дека го совладуваме материјалот.

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со какви јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?
Конкретно на мојата насока Туризам може да се студира само на словенечки јазик.
Знаејќи ја оваа работа, во текот на летото 2019 година посетував курс по словенечки јазик во училиштето за странски јазици Инфинитив во Белград и ги совладав основите на јазикот за почеток на студиите.
Покрај тоа морам да истакнам дека на првиот семестар од студирањето на странските студенти им е овозможено изучување на словенечкиот јазик на ниво А2, кое што не е задолжително но од моето искуство покрај основите, коишто ги научив во Белград, за време на овие часови на факултет научив многу нови зборови, коишто ми помагаат да го совладам материјалот. На сите би им го препорачала иако не е задолжително посетувањето на овој курс за изучување на словенечки јазик во првиот семестар наменет за странските студенти, коишто се почетници.
Зошто би ја препорачале агенцијата 2TM?
Агенцијата 2 TM и прекрасната Катја би им ги препорачала на сите, коишто сакаат да се запишат на студии во Република Словенија бидејќи тие на сите мои прашања имаа одговор. Многу се одговорни и професионални и се што е потребно прават наместо вас. Брзо и лесно се договоривме и влеговме во самата процедура за пријавување а подоцна и за запишување на факултет. Јас одбрав пакет, којшто овозможуваше по моето пристигнување во Порторож да ми помогнат да ги предадам документите за дозвола за престој. Тие навистина заслужуваат само пофалби!