Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
Се одлучив да студирам во Република Словенија поради одличниот образовен систем, којшто е далеку пред балканскиот систем.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Што се однесува до искуството, јас сеуште не можам да кажам нешто, со оглед на тоа што поминаа само три месеци откако сум тука, но во главно сум задоволна, има многу за пишување и учење што и требаше да се очекува.

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студиите?
Студирам на словенечки јазик, а што се однесува до проблемите ги има многу, бидејќи како човек, којшто сега го учи словенечкиот јазик и се труди, секој ден наидувам на препреки за време на предавањето во смисла дека не секогаш разбирам апсолутно се од предавањата.
Зошто би ја препорачале агенцијата 2ТМ?
Агенцијата 2ТМ би ја препорачала, бидејќи навистина помагаат во текот на целиот процес на запишување и многу работи, коишто сами би морале да ги правите, притоа не знаете како да го направите тоа (управата од мојата земја многу често даваат и многу погрешни информации), ефикасни се, доста се брзи и спретни да одговорат на секој ваш имејл и на секое ваше прашање.

Бесплатна консултација