Претставниците од фирмата 2ТМ од Љубљана го посетија моето средно училиште во Добој (Босна и Херцеговина) и ги презентираа предностите на студирањето во Република Словенија за странските студенти. Тие ни раскажаа со што се занимаваат и какви услуги нудат.

Мене најмногу ме привлече тоа што словенечките дипломи се признаени во целиот свет. И секако беше убаво да се слушне дека студирањето за нас е бесплатно.
На секој странски студент, кој што ќе реши да се стекне со образование во Република Словенија, му советувам да соработува со копмпанијата 2ТМ од многу проста причина, благодарејќи на нивната помош, јас и моето семејство не требаше да патуваме постојано до Љубљана и назад.
Специјалистите од 2ТМ ми ги обезбедија сите потребни информации и ми кажаа кои документи ќе треба да ги подготвам. Немаше потреба јас и моите родители да се занимаваме со дополнителни информации за целиот процес на запишување. Се беше едноставно, скенираните документи ги испратив по електронска пошта. За нас, странските студенти ова е одличен начин. Доколку се запишував сама, сигурна сум дека ќе морав да патувам неколку пати до Љубљана и назад. Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на тимот на 2ТМ за се што направија за мене за тие шест месеци на взаемна соработка.