Претставниците од фирмата 2ТМ од Љубљана го посетија моето средно училиште во Добој (Босна и Херцеговина) и ги презентираа предностите на студирањето во Република Словенија за странските студенти. Тие ни раскажаа со што се занимаваат и какви услуги нудат.

Мене најмногу ме привлече тоа што словенечките дипломи се признаени во целиот свет. И секако беше убаво да се слушне дека студирањето за нас е бесплатно.
На секој странски студент, кој што ќе реши да се стекне со образование во Република Словенија, му советувам да соработува со копмпанијата 2ТМ од многу проста причина, благодарејќи на нивната помош, јас и моето семејство не требаше да патуваме постојано до Љубљана и назад.
Специјалистите од 2ТМ ми ги обезбедија сите потребни информации и ми кажаа кои документи ќе треба да ги подготвам. Немаше потреба јас и моите родители да се занимаваме со дополнителни информации за целиот процес на запишување. Се беше едноставно, скенираните документи ги испратив по електронска пошта. За нас, странските студенти ова е одличен начин. Доколку се запишував сама, сигурна сум дека ќе морав да патувам неколку пати до Љубљана и назад. Сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на тимот на 2ТМ за се што направија за мене за тие шест месеци на взаемна соработка.

Елена Старчевиќ

Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
Се одлучив да студирам во Република Словенија поради одличниот образовен систем, којшто е далеку пред балканскиот систем.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Што се однесува до искуството, јас сеуште не можам да кажам нешто, со оглед на тоа што поминаа само три месеци откако сум тука, но во главно сум задоволна, има многу за пишување и учење што и требаше да се очекува.

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студиите?
Студирам на словенечки јазик, а што се однесува до проблемите ги има многу, бидејќи како човек, којшто сега го учи словенечкиот јазик и се труди, секој ден наидувам на препреки за време на предавањето во смисла дека не секогаш разбирам апсолутно се од предавањата.
Зошто би ја препорачале агенцијата 2ТМ?
Агенцијата 2ТМ би ја препорачала, бидејќи навистина помагаат во текот на целиот процес на запишување и многу работи, коишто сами би морале да ги правите, притоа не знаете како да го направите тоа (управата од мојата земја многу често даваат и многу погрешни информации), ефикасни се, доста се брзи и спретни да одговорат на секој ваш имејл и на секое ваше прашање.

Изабела Гојниќ

Зошто се одлучивте за студирање во Словенија?
Затоа што Словенија нуди огромен број бенефиции за студенти и големи можности за понатамошен успех во наоѓањето работа или постдипломски студии.

Какви се вашите досегашни искуства со студиите во Словенија?
Досега сум задоволна од наставната програма, односот кон студентите, вклученоста на студентите во предавањата, дебатите и студентските организации.

Дали студирате на англиски или на словенечки јазик? Со какви јазични потешкотии се сретнувате во текот на студирањето?
Студирам на словенечки и самото студирање на странски јазик е предизвик.
Дали и зошто би ја препорачале 2ТМ?
2ТМ би ја препорачала заради коректниот однос кон клиентите, советите и информациите кои се корисни за секој студент и помошта при средувањето на документите за упис.

Александра Сипковска

Сите потребни информации за студирање во Словенија можете да ги добиете преку 2ТМ. Тие се навистина детални и точни. Оваа фирма им ја препорачувам на сите кои сакаат да студираат во Словенија.

Богдан Димитријевиќ

Јас дипломирав на медицинскиот факултет при универзитетот во Нови Сад (Србија) на смерот „Медицинска рехабилитација“ и решив да го продолжам образованието во Словенија, каде што се запишав на магистерската програма „Кинезиологија“ на Универзитетит на Приморска во Копер. Работите се одвиваат супер, јас сум многу задоволен од факултетот и од односот на професорите кон мене. Мене посебно ми се допаѓа што професорите се отворени за комуникација, и во рамките на образовниот процес ни даваат можност да учествуваме во истражувања, кои што нас не интересираат. За работата на 2ТМ дознав од интернет. Тие ми ги обезбедија потребните информации за образовниот процес во Република Словенија и многу ми помогнаа при поднесувањето на документите. Тие се детални и имаат одговор на секое ваше прашање.

Душан Сенковиќ

Зошто се одлучивте за студирање во Република Словенија?

Неколку години по ред планирав да се запишам на мастер студии надвор од границите на Република Србија од повеќе причини, но поради работата со која што се занимавав и која бараше доста време не успеав да се посветам на процесот за избор и за упис на програмите коишто ме интересираа.

Сестра ми ме информираше за компанијата 2ТМ и нивните активности. По запознавањето со нивната работа и репутација сфатив дека се вистинското решение на мојот проблем. Значи добрата репутација на образовниот систем и можност за упис со посредник беа пресудни за мојата одлука да се запишам на мастер студии во Република Словенија.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?

По првиот семестар на студии во Република Словенија можам да кажам дека програмската содржина и организацијата на факултетот ги надминаа моите очекувања. Покрај тоа Република Словенија навистина се грижи за своите студенти и навистина вложува во образовниот систем што се гледа од најразличните субвенции коишто им се одобрени на студентите (една од главните е субвенцијата за прехрана).

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?

Студиите се на словенечки јазик (предавањата и вежбите). На странските студенти им е овозможено да го слушаат воведното предавање од секој предмет и консултациите на англиски јазик. Тоа што е интересно е тоа што на професорите не им е толку важно на кој јазик ќе комуницирате со нив се додека го покажувате нивото на знаење коешто е за нив прифатливо и посакувано. Голем број на професори им излегуваат во пресрет на студентите од земјите од поранешна Југославија дозволувајќи им на почетокот комуникацијата да ја остварат и на некој од јазиците од тие земји. Слушањето на предавањата на словенечки јазик во првиот месец може да биде малку напорно. Во првите месеци од страна на факултетот имате организирано курсеви за изучување на почетен степен на словенечки јазик, што ви овозможува полесно да се прилагодите на ова говорно подрачје. Со текот на времето станува се полесно да се разбира и да се користи јазикот. Една од придобивките од студиите во Република Словенија е можноста да се совлада словенечкиот јазик.

Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?

Моето искуство во соработката со компанијата 2TM е многу позитивно. Благодарение на нивното искуство и професионалната одговорност јас успеав да се запишам на програмата којашто ми беше прва желба. Ми ги обезбедија сите услови за запишување и престој во Република Словенија. Сигурна сум дека ако не се одлучив да соработувам со нив денес немаше да бидам запишана на мастер студии во Република Словенија.

Милена Младенович

Зошто се одлучивте да студирате во Република Словенија?
За студирањето во Република Словенија се заинтересирав за време на моето образование во 2018 година, кога во Белград завршив четврта година гимназија, филолошка насока. Некако баш во октомври минатата година го посетив саемот за образование во мојот град и ги посетив просториите на компанијата 2 TM од Љубљана.

Тука се распрашав детално за студирањето, добив конкретни одговори и тогаш веќе знаев дека сум заинтересирана за студирање на туризам. При изборот на студиската програма ми помогнаа моите родители, советувајќи ме дека Република Словенија е една од поранешните републики на нашата држава и дека најверојатно е многу полесно да се снајдам во Словенија отколку некаде во Европа. При сето тоа дипломата и условите за студирање се скоро исти како и европските. Република Србија сеуште не е дел од Европската Унија, а Република Словенија е полноправна членка и со самото тоа дипломата со која што ќе се стекнам е валидна во целиот свет.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?
Со студирање во Република Словенија започнав на 01-ви ноември 2019 година како редовна студентка на Факултетот за туризам во Порторож. Многу сум задоволна од квалитетот на образовниот систем, којшто нуди широк спектар на можности за напредок.
Предавањата овозможуваат да слушаме и да присуствуваме на предавањата на други професори, коишто доаѓаат од други земји и на многу интересен начин ни ги презентираат темите поврзани со туризмот.
Една од поинтересните работи се семинарските и теренските вежби, коишто ги имаме по групите. Групите се помали и ни овозможуваат да работиме во тим и да ја развиваме тимската работа.
Професорите на факултетот имаат доста разбирање за нас, странските студенти, многу се среќни кога ќе видат дека се трудиме и дека го совладуваме материјалот.

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со какви јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?
Конкретно на мојата насока Туризам може да се студира само на словенечки јазик.
Знаејќи ја оваа работа, во текот на летото 2019 година посетував курс по словенечки јазик во училиштето за странски јазици Инфинитив во Белград и ги совладав основите на јазикот за почеток на студиите.
Покрај тоа морам да истакнам дека на првиот семестар од студирањето на странските студенти им е овозможено изучување на словенечкиот јазик на ниво А2, кое што не е задолжително но од моето искуство покрај основите, коишто ги научив во Белград, за време на овие часови на факултет научив многу нови зборови, коишто ми помагаат да го совладам материјалот. На сите би им го препорачала иако не е задолжително посетувањето на овој курс за изучување на словенечки јазик во првиот семестар наменет за странските студенти, коишто се почетници.
Зошто би ја препорачале агенцијата 2TM?
Агенцијата 2 TM и прекрасната Катја би им ги препорачала на сите, коишто сакаат да се запишат на студии во Република Словенија бидејќи тие на сите мои прашања имаа одговор. Многу се одговорни и професионални и се што е потребно прават наместо вас. Брзо и лесно се договоривме и влеговме во самата процедура за пријавување а подоцна и за запишување на факултет. Јас одбрав пакет, којшто овозможуваше по моето пристигнување во Порторож да ми помогнат да ги предадам документите за дозвола за престој. Тие навистина заслужуваат само пофалби!

Наталија Воларев

Што влијаеше на одлуката за студирање во Република Словенија?
Моето дете изрази желба да го продолжи своето образование, но не во својата земја. Република Словенија од секогаш ми се допаѓала како една средена и културна земја па така во договор со детето се одлучивме за неа.

Што ве изненади пријатно во врска со студирањето и/или животот на вашето дете во Република Словенија?
Самостојноста пред се. И многу лесното прилагодување на новата земја, новата култура и обичаи. Исклучителната снаодливост и големата пристапност на сите во Република Словенија.
Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?
Компанијата 2TM ја пронајдов сосема случајно на интернет кога пребарував информации за студирање во Република Словенија. Генерално тоа беше веб страната која што му обезбеди најмногу информации. Кога за прв пат стапив во контакт со вработените, бев пријатно изненадена од начинот на комуникација. Веќе на првиот контакт се ми беше одлично објаснето и тоа беше работата што ме наведе да склучам договор за понатамошна соработка. Компанијата е многу ажурна, води сметка за најситните детали и сите работи, коишто треба да се завршат се завршуваат на време. Навистина морам да го пофалам начинот на работа бидејќи навистина ми ги олесни сите работи, од собирањето на документи до самиот упис. Искрено да не беше оваа компанија, навистина не знам како ќе успеавме се сами да завршиме. Едно огромно благодарам од мене.

Слаѓана Токиќ

Нашите препораки за работа со 2ТМ се искрени и проткаени со најпозитивни искуства. Кога им кажуваме на нашите пријатели како помина процесот на упис, завршуваме со реченицата: „Не би успеале сами. Така, со помош на професионалци кои ни водеа низ целиот процес, се беше едноставно, лесно и без трошка стрес!

Ви благодариме што постоете!

Кога мојот син ми кажа за неговата желба да студира во Словенија, јас бев изненадена. По неговото објаснување зошто (можноста за бесплатни студии, добро организиран образовен систем во кој студентите – се високо ценети и имаат многу придобивки, диплома признаена во целиот свет. Како мајка, фактот дека Словенија е на врвот на листата на безбедни земји и релативно близу до Србија значеше многу. Како семејство, сите ние се заинтересиравме и почнавме да истражуваме. Организирана земја, културно слична на нашата, еколошката најсвесна земја во светот сигурно би можела да биде втор дом за нашиот син.

Пребарувајќи на интернет, дојдовме до агенцијата 2ТМ. На почетокот се појави сомнеж дали сме го направиле вистинскиот избор бидејќи иднината на нашето дете ја „оставаме“ во раце на луѓе кои не ги знаеме. Но, по неколку состаноци, бевме сигурни дека изборот е правилен. Воодушевени сме од професионалноста на сите вработени во агенцијата, оние со кои бевме во редовен контакт и оние кои беа „невидливи“ за нас, но и тие беа дел од тимот. Како мајка, ме мачеа многу сомнежи и „што, како, зошто“ и имав безброј прашања на кои соработниците од 2ТМ ми одговараа со голема брзина и со многу разбирање. Целата атмосфера ги направи моите мајчински стравови на минимум бидејќи поддршката од 2ТМ беше феноменална.

Димитрије официјално стана студент по менаџмент на Универзитетот Приморска. Заедно стигнавме до целта. Нашата среќа искрено ја споделија вработените во 2ТМ. Димитрије сега учи словенечки јазик, тој е во процес на добивање дозвола за престој, се очекува да се пресели и да започне студентски живот, а сето тоа останува на 2ТМ, кое продолжува да го води.

Морам да нагласам дека сме многу среќни бидејќи целиот процес на упис (со голема помош на неверојатниот 2ТМ) го направивме од нашиот дом, без да одиме во Словенија. Заштедивме пари и време и се спасивме од процедурите воведени поради КОВИД 19.

Во следната студентска година, ќе имаме можност повторно да работиме со 2ТМ, бидејќи нашиот помал син, охрабрен од искуството на неговиот брат, одлучи да студира во Словенија.
Нашите препораки за работа со 2ТМ се искрени и проткаени со најпозитивни искуства. Кога им кажуваме на нашите пријатели како помина процесот на упис, завршуваме со реченицата: „Не би успеале сами. Така, со помош на професионалци кои ни водеа низ целиот процес, се беше едноставно, лесно и без трошка стрес!”

Слободанка Грчиќ

Сега сум во втора година од студиите и можам да кажам дека направив правилен избор. Го изучувам тоа што го сакам, а тоа ми дава дополнителна мотивација.

Голема предност на мојот смер е тоа што има рамномерна поделба на предавања и вежби, односно истовремено учење на теорија и пракса. Така ние студентите добиваме целосни знаења од различни области, сестран развој и високи квалификации, неопходни за европскиот пазар на трудот

Трајче Андреев

    Утисци

    Вашиот коментар ќе биде објавен на страницата.
    Напомена - Нема да објавуваме коментари со непристојна или навредлива содржина.

    Напишете го коментар

    Можете исто така да ја испратите вашата фотографија