Штом човек влезе во берберницата на Пољанска цеста во Љубљана, се чувствува како дома. Покрај столовите во салонот, во просторот има и удобна гарнитура за седење, голем ЛЦД-телевизор и Плејстејш, во заднина свири релаксирачка музика, а клиентите веднаш ги нудат со пијалак. Сè заедно делува како простор за дружење, што е и цел на двајцата дваесетгодишни сопственици на успешниот берберски салон Pela Design. За нивниот успех зборува и податокот што по само една година од отворањето веќе разгледале простор на друга локација, а планираат да имаат и своја козметичка колекција.

Photo: © Aliazh and Boian

Аљаж и Бојан се другари од деца, зашто живееле во исто маало. Нивната прва страст бил спортот, па уште од основно училиште почнале да тренираат – едниот кошарка, другиот фудбал.

При крајот на основното училиште другарите од љубопитност почнале меѓусебно да се стрижат и тогаш ја откриле вистинската страст. „Ја зедовме машинката и од љубопитство пробавме“ – раскажува Бојан. На почетокот доста другари правеа фризури. „Тогаш доста од другарите стрижеа, но само јас и Аљаж уживавме во тоа“ – додаде Бојан.

„Во трета година имавме мал салон“

Кога почнале да одат во средно училиште, знаењето за стрижењето го надградувале зашто другарите сакале да се докажуваат на училиште. Додека стрижеле, сфатиле дека тоа е и супер дружење, а на Аљаж и Бојан им станало хоби кое им претставувало задоволство.

Кога почнувавме трета година, кај мене дома си имавме мал салон“ – ни кажа Аљаж и додаде дека салонот на почетокот бил во нивната визба и бил доста аматерски среден. „Едноставен“ – додаде Бојан. „По некое време почнавме да го менуваме, полека го опремувавме, купивме два одлични стола, па огледала, а ставивме и телевизор“ – ни објасни Аљаж.

На почетокот немале поддршка од родителите зашто тие не можеле да замислат дека стрижењето ќе се претвори во профитабилен бизнис. Па, така и првите ножици и машинките за бричење си ги купиле со заштедените пари. „Тогаш немавме толку добра опрема каква што имаме денес“ – кажуваат.

Иако оделе во средно економско училише, во четврта година по наставата оделе и во попладневно училиште. Испитите успешно ги положиле и завршиле и средно фризерско училиште. „Сепак, таму повеќе акцент му се става на женското стрижење, а не толку на машкото“ – ни кажа Аљаж.

Аљаж толку силно верувал во својата мисија, што го напуштил училиштето и целосно му се посветил на фризерството, односно на градењето свој бизнис. Тогаш родителите почнале да го сфаќаат сериозно и го поддржале. „Сфатив дека тоа е она што ме прави среќен“ – објасни.

Ако си во некоја визба, не можеш да се развиваш“ – објасни Бојан, па затоа момците нашле агент за недвижности и по нецела година и локација за берберницата. „Видовме многу салони, но сè беше катастрофа“ – се сеќаваат. „Или беа премали, или цената не ни одговараше, или локацијата беше несоодветна“ – објасни Бојан.

Целиот внатрешен простор го осмислиле сами

Просторот каде што денес го имаат салонот, не изгледал како што изгледа сега. „Тука имаше пет соби, па затоа требаше сè да се сруши“ – раскажа Аљаж. Ѕидовите ги рушеле сами, а за електриката и за водата побарале стручњаци.

Внатрешното уредување си го смислиле сами. Иако веќе бил потпишан договор за просторот, архитектот констатирал дека просторот не бил таков каков што првично бил инвестицискиот план. „Од архитектот дознавме дека просторот е погрешно предвиден и цела работа одеднаш стана десетпати поскапа“ – објасни Аљаж.

Потоа се договоривме сами да го средиме. Целосно го сменивме планот и на крајот излезе стопати подобро од она што си го замислувавме“ – ни кажа Аљаж.

Родителите им помагаат и повремено им носат ручек. Им помагаат и девојките, кои целосно ги поддржуваат во работата.

Многу повеќе од обична берберница

Просторот во кој работат двајцата дваесетгодишни момци не е само берберница. „Оној што доаѓа да се стрижи, доаѓа со двајца колеги, кои играат Фифа или НБА“ – објасни Аљаж. Исто така, посетителите може да си пуштаат музика по желба.

»Плејстејшн и телевизор имавме уште во гаражата, зашто сакавме да создадеме нешто како…“ „Простор за машката популација“ – Аљаж го дополни Бојан. „Простор за машката популација, да, точно, само да имаше простор голем колку приближно половина од ова“ – продолжи Бојан.

Клиентите може да си земат и бесплатен пијалак. „Имаме шанк, имаме пијалаци, ништо не продаваме, а клиентите може да си земат кафе, вода, сок, пиво“ – објаснуваат.

Од аматери во визба до салон со шестмина вработени

Берберницата која ја отвориле пред една година (декември 2017), поради добрите услуги и иновативноста брзо станала омилена меѓу клиентите. Аљаж и Бојан покрај редовните термини, во април имале повеќе работа поради тоа што им правеле фризури на матурантите.

Најбаран термин е петок попладне, тогаш имаме многу гужва“ – велат момците. „Кај нас во салонот моментално работат шестмина“ – објаснува Аљаж. „Момците ги знаеме од фризерското училиште или од социјалните мрежи“ – велат за вработените.

Клиентите ни се на различна возраст. „Почнавме да ги средуваме нашите пријатели, потоа тие донесоа свои пријатели, па така најголемиот број клиенти се средношколци или студенти. Покрај нив, во салонот доаѓаат и постари господа, и основношколци, дури и момченца кои одат в градинка“ – ни кажа Аљаж.

Друга локација, проширување во странство, козметичка колекција

Полека бараме луѓе и за другиот салон“ – ни открија. Берберницата е толку успешна што ќе се прошириме на друга локација. Каде точно ќе се наоѓа, не сакаат да ни откријат.

Ги прашавме и дали своите услуги ќе почнат да им ги нудат и на жени. „На почетокот имавме и таква идеја, но за сега е подобро, ако останеме берберница“ – почна Бојан. „Нашата визија и нашиот заштитен знак се такви какви што сме ги изградиле, и така и ќе продолжиме“ – го дополни Аљаж. „Берберницата е само за машки“ – додаде. „За мажите во Словенија нема доволно грижа во тој поглед, па затоа сакаме да ја подигнеме индустријата“ – објасни Бојан.

Момците организираат и курсеви, на кои ги предаваат своите техники. „Многу луѓе прашуваат зошто ги кажуваме своите трикови. Суштината е да ја подигнеме индустријата, а не триковите да ги задржуваме за себе“ – ни кажа Бојан. „На ваков начин луѓето ќе научат и ќе видат што сè треба да знаат за да направат една убава фризура. И повеќе ќе ценат. Станува збор за многу знаење, кое не си го ни замислуваат.

Ни открија дека сакаат да се прошират и во други градови. „Долгорочната цел е да стигнеме и во странство“ – ни кажа Бојан. Меѓу другото сакаат да имаат и своја козметичка колекција.

Восоци и шампони за коса и брада, маслo за брада“ – објаснија.

И со овој проект не им се брза. „Ако сакаш производите да се добри и квалитетни, мораш да си поставиш долгорочна визија, а не да работиш набрзина“ – објасни Аљаж.

Клиенти им биле и Драгиќ, Рандолф и комичарот Бергант

Меѓу другите за нив слушнале и бројни познати спортисти. Клиент им бил Драгиќ, па Рандолф и Ребец. „Чувствата ми беа измешани, беше поинаку од обично, зашто ги стрижевме во хотел, а не во салонот“ – ни кажа Аљаж.

Братот на сопругата од Драгиќ се стрижеше кај нас во гаражата, па нè препорачал на Драгиќ“ – објаснија. Еднаш го стрижеле дома, а после додека биле на море, ги побарале за да ја средат и екипата. „Секако дека си ги спакувавме куферите и се вративме дома“ – објаснија.

Сега во овој салон ни доаѓаат многу спортисти. И многу ракометари, на пример Зорман“ – велат гордо.

„Не ги слушај другите, посебно не најблиските“

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат младите е што не знаат што сакаат да работат, или пак не се убедени во своите идеи. Често токму затоа се потпираат на мислењето на родителите и пријателите. Овие успешни млади претприемачи ги советуваат младите да се слушаат себеси. „Во главата мораш да ја имаш својата цел, својата визија“ – почна на оваа тема Аљаж.

Не ги слушај другите, посебно не своите најблиски, зашто 90 проценти тие може да бидат твојата најголема пречка“ – продолжи. „Може дури да речам и 100-процентна пречка“ – додаде Бојан. „Тие ти го посакуваат само најдоброто, а истовремено ти делуваат најлошо“ – се согласи Аљаж.

Вчера стрижев едно момче кое учи во верска гимназија. Ми кажа дека родителите го присилиле да оди таму. Но, сега конечно се решил да проба да го прави она што навистина го прави среќен. Почнал да работи како личен тренер и потпишал договор со некој фитнес клуб. Сега станува успешен и среќен“ – објасни Бојан.

Ако пред четири години почнел со таа работа, сега веројатно би бил многу подалеку“ – додаде Аљаж.

Интернет-врска: siol.net

    Закажете
    консултација

    Поставете ни прашање и закажете консултација.
    Нашите експерти ќе ви одговорат што е можно поскоро.

    Поставете ни прашање