Еден од највозбудливите периоди за сите ученици е поднесувањето на пријава и
документи за запишување на факултет. Словенечките универзитети започнуваат со прием на документи во февруари, а на
вишите школи во март. Ова е многу важно и неопходно е сите кандидати, коишто одбрале некоја од високообразовните
институции во Република Словенија да посветат повеќе внимание на оваа информација.