Студентска работа во Словенија – вашето прво работно искуство во ЕУ

Студентската работа во Словенија е една од флексибилните облици на работа, наменета за студентите кои се вклучени во образовниот процес и сакаат да се вклучат на пазарот на трудот, како од финансиски причини така и за придобивање на работни искуства и компетенции.

Photo by @javi_indy on Freepik/Студентската работа во Словенија е една од флексибилните облици на работа

Право на студентска работа имаат сите редовни и вонредни студенти на вишите школи и на факултетите во Словенија кои не се во редовен работен однос. За разлика од поголемиот број на земји во ЕУ, студентите во Словенија можат да работат 8 саати дневно, односно 40 саати неделно согласно Законот за работни односи.

Минималната законски одредена саатница за студентите изнесува 6,17еу бруто, односно 5,21еу нето. Од бруто износот 15,5% од платата на студентот се одзема како придонес во пензиското и инвалидското осигурување и се пресметува во пензијата.

Designed by 2TM d.o.o.

Разнолична понуда на студентска работа

Словенечките работодавачи секој ден објавуваат работни места за студенти преку студентските сервиси, агенциите за вработување и порталите за вработување. Тие на дневна основа ажурираат огласи за студентска работа во кои се наведени типот на работата, местото на работа и поставката за саатницата. Па така студентот може да избира каде ќе се пријави за работа и во договор со работодавачот да одредат заедно колку денови и саати во неделата ќе работи. Студентот може да избира помеѓу краткорочни (дегустации, промоции, работа во угостителстки објект, работа во складиште) и долгорочни деловни места (продажба, услужна дејност, достава, административна работа, преведување, програмирање).

Пред почетокот на работата важно е студентот да се договори за сите работни услови со работодавецот, кој пак мора да го потпише и да стави печат на упатот од студентскиот сервис издаден на кандидатот. Така студентот однапред знае колку треба да работи, за да заработи одреден износ на пари. По завршената работа, фирмата го пресметува работното време и врз основа на тоа ги плаќа заработените пари.

Дел од студентите целосно се финансираат во текот на студиите од студентката заработка, додека пак за други, заработените пари се олеснувачи на студентскиот буџет и ги користат за излети, забави, концерти или кино.

Вашето прво работно искуство во ЕУ

Најголемата придобивка од студентската работа во Словенија е стекнувањето на работно искуство кај различни работодавачи, кое подоцна студентот може да го искористи за наоѓање на редовна работа.

Сите работни искуства во текот на студиите помагаат во личниот развој на студентот. Од една страна кандидатот развива „тврди“ вештини (странски јазици, анализи на податоци, програмирање, сметководство, графички дизајн, маркетинг…), а од друга страна студентот развива „меки“ вештини (самојстојност при работата, активно слушање, водење, прилагодување, самоиницијативност…).

За многумина странски студенти ова ќе биде првото работно искуство во ЕУ.

Збирот на сите стекнати вештини преку студентската работа во Словенија има сериозно место во професионалната биографија на студентите и не ретко по дипломирањето многумина редовно се вработуваат кај работодавачот за кој што работеле во текот на студиите.

Дојдете и стекнете го своето прво работно искуство во ЕУ – запишете се на некој од словенечките факултети или виши школи!

Автор: Лидија Минанова Кустербајн

Консултации со стручњак

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х