Штањел – средновековниот бисер во Краст

Штањел е еден од најживописните средновековни села во Краст, тоа ќе ве шармира со прекрасните тесни улички, бајковити замоци и со неговите живописни градини.

Photo: Село тврдина Штањел од горе/slovenia.info

Селото, коешто е именувано по светоцот Свети Даниел зе прв пат се споменува во раната 1402 годин, а на ридот куќите биле изградени за време на турската инвазија. Штањел го достигнало врвот на својот развој во шеснаесетиот и седумнаесетиот век и го дистигнало својот денешен изглед во врмето помеѓу двете светски војни.

Најзначајната трага врз Штањел ја има оставено Марк Фабиани, многу познат и реномиран архитект, пронаоѓач, и пистел во Австр-Унгарската Монархија, којшто дури има работено како советник на Франц Фердинанд, а неговите архитектонски дела исто така можат да се најдат и во Чешката Република и Австрија. Марк Фабиани ја усовршил областа околу замокот и ги вметнал своите изуми во оваа област. Најпознатата од тие области несомнено е Ферари Градината, каде што има обезбедено проточна вода во градината со помош на вградување на систем од цистерни и цевки за водовод, што претставувало реткост за тој регион, а во исто време ова служело не само за основните потреби туку и за забава и декорација.

Денес замокот со својата градина е популарна туристичка дестинација и дестинација за свадби, каде што има безбројни изложби и музејски поставки. Многу концерти се одржуваат во пространата градина исто така се одржуваат настани поврзани со винскиот фестивал (Гледаница фестивалот) и многу други. Ова е еден од најубавите замоци во таа област. Ние најтопло ви препорачуваме да го посетите!

Извор: visitstanjel.si