Основно училиште

Општи информации

Во Словенија училиштата се делат на основни и средни. На 6-годишна возраст децата го започнуваат основното образование, кое трае 9 години, односно додека не наполнат 14-15 години.

Photo: Designed by Freepik

Првите четири години наставата ја изведува еден наставник (учител), а во прво одделение му помага и еден воспитувач. Во текот на преостанатите 5 години наставата ја држат предметни наставници. Она што посебно се истакнува е изедначениот квалитет на образованието, што значи дека децата во главниот град и децата во некое мало село имаат настава со ист квалитет.

Правила и прописи на училишното образование во Словенија за државјани и за странци

Упис во основно училиште

Уписот на децата во основно училиште е регулиран со закон. Врз основа на Законот за основно образование, децата на странските државјани кои живеат во Република Словенија имаат право на општо основно образование под исти услови како и словенечките државјани – во сите јавни училишта основното образование е бесплатно. Она што се плаќа се оброците и ужината (2,50 евра – ручекот, 80 центи – ужината), како и екскурзиите и учебниците. Доколку родителите имаат ниски примања, може да се поднесе барање за субвенција на исхраната.

Родителите се должни да го пријават детето за прво одделение, доколку во тековната календарска година наполнило 6 години. Тоа мора да се направи во февруари, за детето од 1 септември да може да почне на училиште. За странци, има и исклучоци од ова правило. Со оглед на тоа дека во Словенија основното образование е задолжително, можно е подоцна да се изврши уписот во прво одделение. На пример, ако семејството се пресели во Словенија кога учебната година е веќе почната, можно е детето веднаш да се приклучи во наставата. Уписот во училиштето се одвива според возраста на детето, како и според завршеното одделение во претходното училиште. Детето мора да биде запишано во училиштето кое се наоѓа на територијата на неговото живеалиште. Доколку постојат слободни места и во други училишта, можен е упис и надвор од местото на живеалиштето. Покрај тоа, во сите јавни училишта постои и програма за деца со посебни потреби

Дали училишната програма им одговара на децата на странските државјани?

Искуствата покажуваат дека колку е детето помало, побрзо се навикнува на новата средина и побрзо го учи словенечкиот јазик. Исто така, на учениците на кои словенечкиот не им е мајчин, наставниците се подготвени да им даваат дополнителни часови и да им ја дадат сета неопходна помош. На странските ученици, ако е потребно, им се даваат дополнителни часови по словенечки јазик.

Системот на оценување е од 1 до 5.

Документи за упис

Треба да се достави извод од матичната книга на родените (меѓународен), пасош и доказ за привремена односно постојана адреса на престој на детето во Словенија. При префрлување од друго училиште, треба да се направи список на предметите и оценките од претходното училиште и тој список да се преведе на словенечки јазик.

Учебната година во Словенија

За учениците во основните училишта, учебната година почнува на 1 септември и завршува на 26 јуни. Во сабота, во недела и на празник не се оди на училиште. Листата на празниците се наоѓа на овој линк.

Освен државните празници, се празнува и цела недела пред Велигден, прв ден Велигден; Денот на Света Троица; 15 август – Вознесение на Богородица, 21 октомври – Денот на реформацијата и 25 декември – Божиќ.

Како изгледа еден училиштен ден

Наставата почнува во 8 часот, но родителите кои порано одат на работа, детето може да го остават на училиште од 6:30 часот. Училишните часа траат по 45 минути. По вториот час почнува големиот одмор кој трае 25 минути и тогаш учениците обично ужинаат – ужината обично содржи сендвич или овошје.

Од 11:40 до 13:45 часот учениците може да ручаат. По шестиот час, во 13:15 часот почнува уште еден голем одмор. Околу 14:00 часот учениците обично имаат попладневна ужина. Учениците кои одат во целодневен престој, остануваат на училиште до 16:30 часот.

Кое училиште да го изберете?

На децата на странците во Словенија им се даваат многу можности при изборот на училиштето: јавни или приватни, како и меѓународни училишта на англиски јазик. Ако родителите сакаат детето што побрзо да навикне на новата средина и да го совлада словенечкиот јазик, секако е подобро да се избере јавно училиште, каде што на поголемиот дел од учениците мајчин јазик им е словенечкиот. Во просек, адаптацијата трае од 6 месеци до една година – сè зависи од индивудалните карактеристики на детето. Ако детето има тешкотии, родителите може да се обратат кај училишниот психолог.

Приватни основни училишта

Во Љубљана и во Марибор има Валдорфско училиште кое користи алтернативни педагошки методи. Во основното училиште, пак, Алојзија Шуштарја програмата е заснована на доктрината на католичките училишта. Има и Монтесори институт, исто така со посебна педагошка програма.  

Во Словенија постојат и четири меѓународни училишта кои работат според британскиот, американскиот и францускиот систем. На најголемиот број наставници во овие училишта мајчин јазик им е англискиот, односно францускиот.

Постои и IBSL билингвално интернационално училиште.

Воннаставни активности

Учениците во Словенија од мали нозе се навикнуваат на активен начин на живот. Посетуваат саеми, приредби, спортски настани, излети, екскурзии и тоа е само еден од начините да се навикнат на таквиот живот.

Испити

Учениците од 6 и 9 одделение мора да ги положат државните испити. Во 6 одделение основно училиште полагаат испит по математика, по прв странски јазик, како и испит по словенечки, односно унгарски и италијански јазик, во зависност од регионот во кој живеат. Во 9 одделение ги полагаат испитите по истите предмети, со тоа што полагаат и уште еден предмет по избор.  

По 9 одделение ученикот преоѓа на следното образовно ниво. Може да продолжи во средно општо училиште, што е еквивалент на гимназија, или во средно стручно училиште.

Консултации со стручњак

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

Нашата колешка Ламовец Мојца претставува бесплатни студии во Словенија, одговара на прашања и решава дилеми поврзани со студиите во Словенија.

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х