Зошто се одлучивте за студирање во Република Словенија?

Неколку години по ред планирав да се запишам на мастер студии надвор од границите на Република Србија од повеќе причини, но поради работата со која што се занимавав и која бараше доста време не успеав да се посветам на процесот за избор и за упис на програмите коишто ме интересираа.

Сестра ми ме информираше за компанијата 2ТМ и нивните активности. По запознавањето со нивната работа и репутација сфатив дека се вистинското решение на мојот проблем. Значи добрата репутација на образовниот систем и можност за упис со посредник беа пресудни за мојата одлука да се запишам на мастер студии во Република Словенија.

Какво е вашето искуство со студирањето во Република Словенија до сега?

По првиот семестар на студии во Република Словенија можам да кажам дека програмската содржина и организацијата на факултетот ги надминаа моите очекувања. Покрај тоа Република Словенија навистина се грижи за своите студенти и навистина вложува во образовниот систем што се гледа од најразличните субвенции коишто им се одобрени на студентите (една од главните е субвенцијата за прехрана).

Дали студирате на словенечки или на англиски јазик? Со кои јазични проблеми се среќавате за време на студирањето?

Студиите се на словенечки јазик (предавањата и вежбите). На странските студенти им е овозможено да го слушаат воведното предавање од секој предмет и консултациите на англиски јазик. Тоа што е интересно е тоа што на професорите не им е толку важно на кој јазик ќе комуницирате со нив се додека го покажувате нивото на знаење коешто е за нив прифатливо и посакувано. Голем број на професори им излегуваат во пресрет на студентите од земјите од поранешна Југославија дозволувајќи им на почетокот комуникацијата да ја остварат и на некој од јазиците од тие земји. Слушањето на предавањата на словенечки јазик во првиот месец може да биде малку напорно. Во првите месеци од страна на факултетот имате организирано курсеви за изучување на почетен степен на словенечки јазик, што ви овозможува полесно да се прилагодите на ова говорно подрачје. Со текот на времето станува се полесно да се разбира и да се користи јазикот. Една од придобивките од студиите во Република Словенија е можноста да се совлада словенечкиот јазик.

Зошто би ја препорачале компанијата 2TM?

Моето искуство во соработката со компанијата 2TM е многу позитивно. Благодарение на нивното искуство и професионалната одговорност јас успеав да се запишам на програмата којашто ми беше прва желба. Ми ги обезбедија сите услови за запишување и престој во Република Словенија. Сигурна сум дека ако не се одлучив да соработувам со нив денес немаше да бидам запишана на мастер студии во Република Словенија.