Пет ресторани добија по една Michelin ѕвезда, Hišа Franko доби две

Мисијата за откривање на најдобрите кулинарски дестинации низ светот, Michelin оценувачите конечно ги донесе и во Словенија.

Photo: Словенија цврсто се закотви на светската кулинарска мапа/pixabay/Free-Photos

Најмногу ги воодушеви ресторанот Hiša Franko, каде што се креира храна под водство на исклучителната Ana Roš. Ова прв ресторан во регионот кој што доби две кулинарски ѕвезди, со што им се придружи на 473 ресторани во светот, кои досега имаат добиено две ѕвезди. Со по една ѕвезда по ново се закитија: Hiša Denk и готвачот Gregor Vračko, ресторанот Pri Lojzetu (dvorec Zemono) со шефот Tomažem Kavčičem, Vila Podvin и шефот Uroš Štefelin. Ресторанот Dam и шефот Uroš Fakuč и Ресторанот Atelje и шефот Jorg Zupan.

Словенија во последните години цврсто се закотви на светската кулинарска мапа и посетата на анонимните (и строги) Michelin оценувачи беше очекуван следен чекор. „Покрај тоа што Словенија е сѐ повеќе посакувана дестинација за туристи кои ги интересираат културата и недопрената природа, таа стана и дестинација за љубителите на добрата храна и токму тоа го привлече вниманието на Mishelin инспекторите“, – стои во записот на Michelin од минатата година.

Извор: 24ur.com