2TM препорачува
Добијте класично европско образование на некои од најстарите универзитети во Европа.
Унгарските универзитети имаат историја и академска традиција и нудат класично образование во областа на медицинските науки, бизнисот и економијата, природните науки, хуманистичките и општествените науки, инженерството и информатичката технологија, музиката и ликовната уметност.
Сите најрелевантни и најпопуларни програми се концентрирани на единствен научен простор во два града – Будимпешта и Пеќ. Програмите се изучуваат на англиски јазик, што ги прави достапни и привлечни за студенти од целиот свет.
Во рамките на sидовите на најстарите универзитети во Унгарија, студентите добиваат квалитетно класично образование, современо практично знаење и вештини и европска диплома кои се барани на пазарот на трудот во ЕУ и САД.