Долењскиот музеј одржува изложба во чест на својата 70-годишнина

Поминаа точно седум децении откако централниот историски музеј во Ново Место ги отвори своите врати. Во спомен на овој датум, од 1 јуни до 30 септември 2020 година, во Музејот Градина се одржа изложбата „Скапоцени 70“, на која се представуват колекции на музејски предмети со фотографии. Според вработените во музејот, изборот бил тежок, бидејќи од 1950 година се одржуваат скоро 700 изложби, а објавени се повеќе од 200 тематски публикации.

Photo: Историски музеј во Ново Место го слави својот седумдесетти роденден/MMC

Музејот зборува за историјата на Ново Место, како и за поголемиот дел од југоисточниот регион Долењска. Меѓу презентирани богатствата, пред сè, треба да укажеме на постојаната колекција посветена на археолошкото минато на Долењска, со експонати кои вклучуваат настани од првото појавување на човекот во Каменото време до крајот на раниот среден век. Исто така, видно место во изложбата на музејот е колекција слики од еден од најголемите словенечки уметници, Божидар Јакац. Да додадеме дека музејот посветува посебно внимание на педагошката работа, затоа што, според вработените, почитувањето на историското и културното наследство значи почитување на нацијата, сограѓаните и историјата како целина.

Извор: rtvslo.si