БИЗНИС
АДМИНИСТРАЦИЈА
Важно: уписот во три термини – на есен, на зима или на пролет!
Факултетот за менаџмент нуди 4-годишна додипломска програма по деловна администрација. Главна содржина на програмата е менаџмент и други поврзани области од кои се добиваат пошироки познавања на различни бизнис аспекти, како што се: сметководство, финансии, маркетинг, економија, право и меѓународни односи.
Студентите ги подобруваат комуникациските и вештините за донесување на одлуки, базирани на бихевиористички фактори од деловниот свет; добиваат солидна основа за продолжување на образованието во многу административни, инженерски и комерцијални сектори.
Траење на студиите: 4 години.
Степен на студии: додипломски.
Јазик на студирање: англиски.
Посетување на настава: редовно, вонредно, онлајн.
Школарина: 2.590 € на година.
Приемни испити: англиски (TOEFL сертификат).