Вие сте спремни да излезете на пазарот на трудот, но сеуште не сосема добро знаете во која гранка ќе можете да работите , каде вие се гледате за неколку години, со што би сакале да се занимавате и што да постигнете во животот? Сериозно размислете за своите интереси, амбиции, лични квалитети, и исто така постојано следете ја ситуацијата на пазарот на трудот, земајте ги во предвид неговите потреби и прилагодувајте се кон постојаните промени. Побарувањето на пазарот за некои посебни професии има огромно значење и можно е имено таа информација да го определи вашиот избор за правецот на образованието и идната специјалност.

Photo: Designed by @ngad

Така во наредните години ќе се зголемува побарувачката за висококвалифицирани кадри – програмери, IT – специјалисти, машински инженери, хемичари, специјалисти во областа на медицината, и фармацијата. Исто така ќе се зголеми побарувачката на преведувачи, аналитичари, трговски претставници, финансиски и даночни консултанти, медицинско-санитарни работници, специјалисти во сферата на туризмот.

Од друга страна, многу професии денес ја губат популарноста на пазарот на трудот и во системот на образование, иако за тие професии побарувачката останува голема. Тоа се каменоломци, обработувачи на дрво, мајстори за покриви, заварувачи, мајстори за изработување на инструменти , бравар , водоинсталатери, електричари, возачи, механичари, келнери и говачи. 

Истовремено на пазарот за трудот во Словенија се приметува презаситеност од следните професии: фотографи, филозофи, новинари, историчари, учители, политиколози, воспитувачи, архитекти, бизнис секретари, економисти.

На тој начин, при планирањето на идната професија, секако дека не треба да се раководите само од обична пресметка и да изберете професија, која што е барана на пазарот, а која што не ви лежи на срце. Иако е важно да се земе во предвид актуелната информација за ситуацијата во сферата на  вработувањето и да  бидете подготвени на компромиси. Тоа е влогот за вашата успешна професионална иднина и исто така многу важно за финансиската благосостојба.

Од материјалите на весникот „Студент“

Консултации со стручњак

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

Аплицирајте
за студии
во Словачка!





Политика на заштита на личните податоци

×

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х

Приjавете се на курс соодветен за вас

за словенечки јазик

соодветен за вас





Политика за заштита на личните податоци

X

Побарајте консултации


Политика за заштита на личните податоци

х